Екипата на Ангели ја задржа лидерската позиција во второлигашката конкуренција, откако на гостувањето во Охрид кај истоимената екипа славеше со 83:69 во натпревар од 13. коло. За Ангели триумфот во Охрид беше 11-ти во тековната сезона, а во следното, 14. коло, избраниците на Гацов ќе се соочат со Маџари.
Важна победа во 13. коло запиша младиот тим на Водно Санс, кој во натпреварот против Работнички дојде до убедлива победа, славеше со 105:75. За Водно Санс ова беше втора победа во низа, односно трета во оваа сезона, и со новата победа си ги зголеми шансите за пласман во ТОП 6.
Моментално, второпласираниот Соколи од Штип, во Прилеп одигра според посакуваното и го победи Мега баскет со 89:71. На победа во 13. коло се радуваа и екипите на Маџари, Борец баскет и Бутел.
До крјаот од регуларниот дел треба да се одиграат уште девет кола, па така нѐ очекува голема неизвесност за првите места на табелата.
ТАБЕЛА