Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ заедно со Олимпија Милано остварија важна победа во италијанскиот шампионат. Клубот на нашиот кошаркар во натпревар од 19. коло славеше над Сасари со 78:72 и со освоената победа се позиционираше на 5. позиција на табелата.
Димитријевиќ одигра одличен натпревар, за 24 минути поминати на теренот успеа да реализира 15 поени, а имаше и девет скокови.
Претходно, Димитријевиќ и Олимпија Милано славеа против Каунас во Евролигата. Следен предизвиќ за италијанскиот клуб ќе биде натпреварот против Болоња во Купот на Италија.
View this post on Instagram