Пелистерци им се враќаат на обврските во ЛШ

94

По зимската пауза, оваа среда ќе продолжат натпреварите во најквалитетното европско натпреварување. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој има големи шанси да обезбеди пласман во осминафиналето во ЛШ, ќе гостува во Португалија кај Спортинг Лисабон.

Овој натпревар е закажан за 13 февруари (20:45ч), а првото соочување меѓу двете екипи заврши без победник (24:24), па така може да се очекува уште еден интересен дуел.

Главен адут на Спортинг Лисабон ќе бидат браќата Мартим и Франциско Кошта, двајцата имаа одличен настап со Португалија на Светското првенство. Мартим беше прогласен за  најдобар среден бек, а Франциско го доби признанието за најдобар млад играч на Мундијалот.

Спортинг Лисабон на 10 одиграни натпревари во ЛШ има освоено 13 бодови, додека пелистерци на свое конто имаат шест.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе