Во целта да се обезбеди суперлигашки опстанок, поголемиот број клубови кои по завршувањето на регуларниот дел од сезоната ќе играат во плеј-аут фазата осетно се засилија. Еден од нив е дебитантот во Супер лигата, ланскиот прволигашки шампион – Борец Фрутиленд.
Најново засилување во клубот од Велес е искусниот голман Александар Ѓурѓевиќ, кој на репрезентативно ниво беше има забележано настапи за младинската репрезентација на Србија. Ѓурѓевиќ дел од својата кариера ја помина во европскиот гигант Веспрем. Најпрво беше во академијата на овој клуб, потоа си обезбеди трансфер во сениорскиот тим, па сигурно со своето драгоцено искуство ќе биде од голема помош за дебитантот.
27-годишниот голман во Унгарија, освен за Веспрем, бранеше уште за Комло, една сезона беше дел од норвешкиот Фјелхамер, а од 2022 до 2024 настапуваше за францускиот второлигаш Валанс.
Во тимот предводен од Владимир Глигоров пред извесен период пристигнаа и Синиша Павлов, Бобан Петров, Бариша Цвитановиќ, бразилскиот пивот Пабло Антунес и бразилскиот десен бек Габриел Гуедеш.
Како што е познато, од клубот си заминаа Славјан Паунов, Ивица Илиев и Тоше Ончев, првите двајца продолжија во Радовиш, додека Ончев се врати на интернационална сцена.