По малата пауза, изминатиот викенд продолжија натпреварите во Првата кошаркарска лига во женска конкуренција, а во рамки од 9. коло немаше изненадувања, фаворитите одиграа според планот.
Актуелниот шампион Крива Паланка славеше на гостувањето во Кавадарци кај Пробаскет со 80:64 и со новата освоена победа го задржа лидерското место на табелата, сега има 16 бода.
Победничката екипа беше предводена од Робинсон, која имаше 35 поени, еден скок и пет асистенции, а ја следеше Мекхлејни со 28 поени и 13 асистенции. Михаела Алексовска заврши со девет поени, три скока и три асистенции, додека Тамара Ѓоргиевска имаше шест поени, три асистенции и еден скок.
На останатире два натпревари, Баскет Кам без проблеми славеше над Патриот со 70:46, додека Бадел го совлада МЗТ Скопје Аеродром со 74:58.
Вардар, кој го освои годинешниот Куп трофеј, беше слободен во 9. коло.