Зорман: Македонците се сериозна репрезентација и во подем!

140

Машката репрезентација на Македонија на 12 март во Скопје против Словенија ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за пласман на континенталниот собир 2026.

Четири дена подоцна, односно на 16 март, избраниците на Лазаров ќе гостуваат во Копер и ќе се обидат на двата натпревари да остварат позитивен резултат.

Селекторот на Словенија, Урош Зорман, ги истакна своите очекувањата за соочувањето со „црвено-жолтите“.

,,Против Македонија ни претстојат два важни натпревари од квалификациите за ЕП 2026. Секако дека очекуваме многу од нив, тие се сериозна репрезентација, негуваат брз, модерен ракомет, а во последните години многу вложуваат во ракометот и се во подем. Сигурно ќе играат пред полни трибини дома, но навикнати сме на таква атмосфера  и не треба тоа да влијае врз нас”, изјави Зорман.

Како што е познато, нашата репрезентација квалификациите ги започна со победа над Естонија и пораз од Литванија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе