Актуелниот шампион на Македонија, Баскет Кам, успеа да го совлада Вардар со 74:57 и со оваа победа им се одмазди на „црвено-црните“ за поразот во финалето од Купот на Македонија.
За екипата од Македонска Каменица ова беше деветта сезонска победа, додека за вардарки, кои моментално се наоѓаат на четвртата позиција на табелата, ова беше втор пораз по ред, по оној од Крива Паланка во претходното коло.
Избраничките на Жаклина Стојановска се искачија на лидерската позиција, бидејќи довчерашниот првопласиран тим, Крива Паланка, беше слободен во 11. коло.
На останатите два натпревара, победи остварија екипите на Бадел и Пробаскет. До крајот на регуларниот дел од првенството преостануваат уште три кола.
ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
ТАБЕЛА