Шампионот се засилува – Видомски потпиша двегодишен договор

89

Шампионот Еурофарм Пелистер денеска го официјализираше трансферот на полскиот десен бек Анџеј Видомски. 22-годишниот ракометар од Полска со битолскиот тим потпиша двегодишен договор, кој ќе стапи на сила во јули, 2025 година.

Видомски во таборот на пелистерци ќе пристигне од Гвардиа Ополе и токму трансферот во македонскиот шампион ќе му биде прво интернационално искуство. Десниот бек ги мина сите младински категории на Полска, а за сениорската репрезентација настапи на Европското првенство 2024, како и во квалификациите за континенталниот собир следната година.

Како што е познато, Еурофарм Пелистер  ја продолжи соработката со тунискиот репрезентативец Усама Хосни, а на крајот на оваа сезона договорите им завршуваат на Павле Петровиќ и Нејц Цехте.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT