Тетекс ТТК го освои трофејот во Третата лига

86

Екипата на Тетекс од Тетово го освои трофејот во Третата лига, откако во големото финале одиграно во СРЦ „Кале“ триумфираше над Струмица Ролинг со 86:74. Како што е познато, двете екипи следната сезона ќе настапуваат во второлигашката конкуренција, каде што младите таленти ќе имаат поголема шанса да ги докажат своите квалитети.

ФОТО: kfsm.mk

Тетекс по едногодишна пауза успеа да ја оствари зацртаната цел и да направи кам-бек во Втората лига, па така клубот од Тетово на најдобар можен начин ја затвори натпреварувачката сезона 2024/25.

Во натпреварот за третото место, екипата на Хераклеа ја совлада Гевгелија со високи 91:64.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT