Магдевски повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

88

Македонскиот шампион МЗТ Скопје за следната сезона ќе биде дополнително засилен на плејмејкерската позиција, откако во тимот на „штрковите“ се врати Андреј Магдевски (28 год, 192 см). За македонскиот репрезентативец ова ќе биде трета епизода во „сино-белиот“ дрес, откако претходно за гордоста на Аеродром настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, кога по неколку месеци му беше дозволено да замине во странство.

Искусниот кошаркар со МЗТ Скопје има освоено две шампионски титули и тоа во 2019 и 2021 година, кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија. Репрезентативниот плејмејкер е десетто име во тимот на МЗТ за следната сезона. МЗТ Скопје новата сезона ќе ја започне кон крајот на септември, односно на 24 септември кога избраниците на Васко Атанасов пред своите навивачи ќе се соочат со црногорскиот Теодо Тиват во рамки од првото коло од АБА – 2 лигата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе