Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Мулти Есенс продолжуваат според планот во прволигашката конкуренција. Двете екипи во новото коло од Првата лига славеа против Овче Поле, односно Младост Богданци, и така ги задржаа шансите за суперлигашкиот бараж.
Македонија Ѓорче Петров на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле стигна до победа од 32:23. Бојан Чакалиќ со десет погодоци беше најефикасен во редовите на гостите, додека кај домаќините прво име беше Кристијан Стаменков со три помалку, односно седум.
Мулти Есенс на свој терен славеше против Вардар Неготино со 32:22 (18:12), а предводник во победничкиот тим беше Марко Каркалашев со десет погодоци, додека кај поразените се истакна Драган Кузманов со седум реализации.
Првопласираниот тим од Првата лига обезбедува директно место во Супер лигата, додека второпласираниот игра бараж со последнопласираниот од суперлигашкиот плеј-аут.