Екипата на Алкалоид в недела (20:30 часот) ќе го одигра реванш натпреварот од финалето во Европскиот Куп против АЕК Атина. Средбата ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, кој се очекува да биде исполнет до последното место.
Алкалоид на првиот финален натпревар во Атина славеше со резултат 29:25, со што обезбеди солидна залиха од четири гола за ревашот пред својата публика.
Натпреварот во Скопје ќе биде од големо значење и за десниот бек на Алкалоид, Мартин Серафимов, кој е во трка за најдобар стрелец во Европскиот Куп. Во моментов Серафимов се наоѓа на второто место со 68 постигнати гола, зад Диано Ќешко од Извиѓач, кој има 79 погодоци.
Како што е познато, клубот од БиХ го заврши настапот во Европскиот Куп, па доколку нашиот репрезентативец повторно одигра на високо ниво, многу е веројатно дека ќе заврши на лидерската позиција.
Во топ тројката се наоѓа уште еден ракометар на Алкалоид, десното крило Александар Петковски, кој има запишано 58 погодоци.