Митровиќ: Вардар има неверојатна историја, чест е да бидам дел од тимот!

356

Еден од најголемите надежи на српскиот ракомет, десниот бек Урош Митровиќ, кој има само 20 години, во наредната сезона ќе биде дел од Вардар.

Српскиот репрезентативец во скопскиот тим ќе пристигне од француски Тулуз, клуб во кој настапува откако си замина од Висла Плоцк.

Митровиќ во Австрија, поточно во Брегенц, го имаше првиот интернационален предизвик, а во тековната сезона имаше солидни партии во францускиот шампионат и на европска сцена.

„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Урош Митровиќ.

Десниот бек во својата татковина настапуваше за екипите на Врбас и Црвенка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT