Голем интерес низ Европа: Финалниот реванш меѓу Алкалоид и АЕК ќе се гледа во повеќе од 20 земји!

232

Екипата на Алкалоид во недела (20:30 часот) ќе го одигра реванш натпреварот од финалето во Европскиот Куп против АЕК Атина. Средбата ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, кој ќе биде исполнет до последното место.

Момците на Кире Лазаров на првиот натпревар во Атина славеа со 29:25, а во реваншот ќе треба да влезат максимално фокусирани, бидејќи клубот од грчката престолнина нема лесно да се откаже.

Пред неделниот натпревар, ЕХФ објави во кои земји ќе може да се следи реваншот во Скопје. Во Македонија, ракометните љубители ќе можат да го гледаат на Арена Спорт, а низ Европа натпреварот ќе се пренесува во повеќе од 20 земји – Данска, Франција, Германија, Шпанија, Норвешка, Полска…

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT