Алкалоид трет македонски клуб со европско злато

116

Тимот на Алкалоид испиша историја и стана третиот македонски клуб што успеал да се закити со европско злато, по големите успеси на Вардар и Кометал Ѓорче Петров.

Европската ракометна федерација (ЕХФ), по долго чекање, денеска донесе одлука и го регистрираше реванш натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК Атина со службен резултат 10-0 во корист на македонскиот тим. На првиот натпревар, кој беше одигран во Атина, избраниците на Лазаров триумфираа со 29:25.

Младата и амбициозна екипа на Алкалоид во втората сезона на европска сцена успеа да стигне до златото во Европскиот Куп, потврдувајќи го својот раст и континуирана работа во изминативе неколку сезони.

Овој успех  на Алкалоид претставува потврда дека македонскиот ракомет продолжува да создава таленти и дека инвестицијата во млади играчи и стабилна спортска структура дава резултати.

Како што е познато, тимот на Вардар двапати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите – сезона 2016/17 и 2018/19, додека Кометал Ѓорче Петров титулата во најквалитетното европско натпреварување ја освои во сезона 2001/02/.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT