Екипата на Магдебург се врати на европскиот ракометен трон по едногодишна пауза, откако во финалето на Ф4 турнирот во Келн славеше над својот ривал од Бундес лигата, тимот на Фуксе Берлин со 32:26.
Довчерашниот шампион Барселона остана со празни раце, бидејќи во натпреварот за третото место загуби од Нант со 30:25, па така каталонскиот гигант е најголемото разочарување на годинешниот Ф4.
Магдебург за освоеното прво место на Ф4 ќе заработи парична награда од 300.000 евра, додека Фуксе Берлин 225.000 евра. Францускиот Нант ќе може да се задоволи со 150.000 евра, а Барса со 75.000 евра.
Освен наградите од Ф4, клубовите инкасираа и средства од претходните фази од Лигата на шампионите, при што Фуксе Берлин заработи 316.000 евра, Нант 305.000, Барселона 304.000, а Магдебург 290.000 евра.