Каталонскиот гигант Барселона беше најголемото разочарување на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, завршувајќи без медал – на четвртото место.
Довчерашниот европски шампион загуби во полуфиналето од новиот првак Магдебург (31:30), а потоа беше поразен и во мечот за третото место, каде Нант славеше со пет гола разлика (30:25).
Правдата во полуфиналето меѓу Барселона и Магдебург ја делеше најдобрата македонска судиска двојка – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои одлично си ја завршија задачата.
Сепак, од Барселона тврдат дека биле сериозно оштетени во полуфиналниот дуел и поднеле жалба до ЕХФ.
„До ЕХФ поднесовме приговор за судењето во полуфиналето. Сметаме дека арбитражата не одговараше на стандардите кои ги очекувавме. Веруваме дека нашата екипа беше неправедно оштетена“, изјави Жоан Марин.
Кој губи има право да се лути!