Струга по првпат добива бразилски шмек, потпиша и со екс голман на Веспрем

135

Екипата на Струга полека го комплетира играчкиот состав за новата натпреварувачка сезона, во која ќе се стреми кон подобри резултати од минатата.

За реализација на амбициите, раководството на клубот ги ангажираше десниот бек Габриел Гуедеш Черубим и голманот Александар Ѓурѓевиќ.

Гуедеш е првиот Бразилец во историјата на клубот, додека Ѓурѓевиќ, поранешен член на Веспрем, би требало да биде квалитетно засилување.

Двајцата пристигнуваат од редовите на Борец ФЛ, екипа која беше исклучена од Супер лигата пред крајот на минатата сезона.

Претходно, Струга се засили со Наум Костов, а беше продолжена соработката со Ненад Костоски, Војо Клењоски, Филип Талевски, Филип Пајковски и Дамјан Тутенкоски.

Стружани во минатата сезона преку бараж обезбедија опстанок во суперлигашкото друштво.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT