Големиот талент Ристевски прекомандуван во првиот тим на Еурофарм Пелистер

352

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој утре во Гевгелија против Алкалоид ќе се бори за трофеј во Супер Купот, има ново име во своите редови. Големиот талент, 18-годишниот Самоил Ристевски доби „прекомандување“ од вториот во првиот тим на битолчани и ќе има можност своите квалитети да ги презентира и на европска сцена, односно во Лигата на шампионите. Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија веќе две сезони наназад е меѓу најдобрите млади ракометари во Супер лигата.

ФОТО: РФМ

Ристевски со младинската репрезентација на Македонија на Европското младинско првенство во Словенија го освои деветтото место и имаше голема заслуга за одличниот пласман и на Светското кадетско првенство во Хрватска (2023) кога „црвено-жолтите“ исто така завршија на 9. позиција. Во 2023 година во изборот на 24Ракомет му беше доделена наградата за најдобар млад играч во суперлигашката конкуренција.

ФОТО: РФМ

Тренерот Бранко Ангеловски на позицијата кружен напаѓач ги има на располагање уште Жарко Пешевски и Кајо Цикатиќ, па доаѓањето на Ристевски во „кецот“ е полн погодок, бидејќи Еурофарм Пелистер ќе има напорна сезона. Воедно, Еурофарм Пелистер се пофали со нов дрес, а неговата промоција ја направи токму новото засилување.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе