Искусната Муратовиќ си замина од Ѓорче Петров и се сели во Азербејџан

245

Црногорската интернационалка Есма Муратовиќ, која беше една од клучните играчи во старо-новиот шампион на Македонија, Ѓорче Петров, си замина од скопскиот клуб, откако со управата се договорија секој да си продолжи по својот пат.

Муратовиќ пристигна во Ѓорче Петров минатата сезона и се покажа како големо засилување, но се реши за нов интернационален предизвик. 29-годишната ракометарка заминува за Азербејџан, каде ќе го носи дресот на Кур.

Црногорката зад себе има богато интернационално искуство, настапуваше и за Истогу (Косово), ПАОК (Грција), Ардесен и Кастамону (Турција), Мадеира (Португалија), Макаби Аразим Рамат Ган (Израел) и Бриксен (Италија).

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT