Сара Цветановска ново засилување во Металург Автокоманда

173

Тимот на Металург Автокоманда денеска го објави најновото засилување за новата сезона, во која влегува со големи амбиции.

Ново име во ростерот на Јулијана Дамчевска е кружниот напаѓач Сара Цветановска, која доаѓа од некогашниот шампион на Македонија, Куманово.

Иако Цветановска имаше уште неколку домашни, но и интернационални понуди, одлучи својата кариера да ја продолжи во второпласирнаиот тим од минатата сезона.

Цветановска е дета на Куманово и за првпат заминува во друг клуб, а во Металург Автокоманда пристигнува со големо искуство, бидејќи зад себе има и европски настапи.

,,Сара доаѓа со богато искуство и цврстина која е клучна на линијата на шест метри. Со својата борбеност, спортски дух и посветеност, веруваме дека ќе биде значајна алка во нашиот состав и ќе даде силен придонес во борбата за врвот”, напишаа од Металург Автокоманда.

Металург Автокоманда за новата сезона ги ангажираше уште Анастасија Николовска, Слободанка Кицеска, Ива Божиновска, Ана Марија Коларовска, Петра Јершек, сите пет од Ѓорче Петров, како и Сара Ристовска од Вардар.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT