Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет напорно се подготвува за новата сезона, во која ќе настапува во прволигашката конкуренција кај дамите.
Клубот од Свети Николе претходниот период го мина во Претор, каде што одработи интензивни тренинзи.
„Осумдневниот припремен период во Претор го поминавме во најдобар можен ред. Девојките тренираа трипати дневно. Во овој период главен акцент ставивме на општата физичка подготовка: издржливост, сила, брзина и брзинска издржливост. Иако беше мошне напорно, презадоволен сум од ангажирањето на сите ракометарки. Посебно ме радува тимскиот дух во екипата. По враќањето во Свети Николе, продолжуваме со тренинзи во сала, а потоа во план ни се и неколку пријателски натпревари“, изјави тренерот Илија Бетувски.
Во составот на Овче Поле Славјански Универзитет се приклучи голманката Дона Маркоска од Пелистер, а во клубот се вратија Елена Вучевска и Наталија Манева.
Сезоната избраничките на Бетувски ќе ја отворат на домашен терен (5/6 септември) против вториот тим на Ѓорче Петров
Во Првата лига ќе се натпреваруваат и против Деспина, Стружанка, Шампион, Јехона и главниот фаворит за освојување на првото место, Атлетик.
Овче Поле Славјански Универзитет – клуб со јасна визија и фокус на младите