Бранеше во Битола, требаше да дојде во Охрид, а сега може да се пресели во европскиот првак!

145

Освојувачот на Лигата на шампионите, Магдебург, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза во најквалитетното европско натпреварување, е во потрага по нов голман.

Пред извесен период, бундеслигашот потврди дека репрезентативецот на Швајцарија, Никола Портнер, поради позитивен допинг тест ќе биде надвор од терените, па раководството на клубот се обидува да пронајде соодветна замена.

Поради тоа, Магдебург се активира на трансфер пазарот и веќе се шпекулира кои голмани би можеле да застанат меѓу стативите на европскиот првак.

Според пишувањата на германски „Билд“, меѓу опциите е и екс-голманот на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави, кој моментално брани за Ал-Сафа во Саудиска Арабија. За 37-годишниот интернационалец проблем би била работната дозвола, која како египетски државјанин во Европската унија не може брзо да се добие. Хендави се споменуваше и како ново засилување во амбициозниот Охрид, но од трансферот немаше ништо.

Освен Хендави, во игра се и хрватските голмани Доминик Кузмановиќ и Матеј Мандиќ. Првиот настапува за Гумерсбах и има договор до 2028 година, па оштетата би била голема. Мандиќ, пак, уште од порано се споменува како потенцијална замена за Сергеј Хернандез и неговиот трансфер, првично планиран за летото 2026 година, сега би можел предвреме да се реализира поради потребата од нов голман.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT