Црвена Ѕвезда доаѓа во Прилеп со легендарниот Жикица Милосављевиќ

167

Утре во Прилеп ќе стартува десеттото јубилејно издание на меѓународниот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, во чест на прилепската ракометна легенда.

Покрај домаќинот Прилеп, на турнирот ќе учествуваат уште четири суперлигашки екипи – Пролет, Бутел Скопје, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, а единствен странски гостин ќе биде белградска Црвена Ѕвезда.

Тимот од Белград во Прилеп ќе настапи со состав комбиниран од млади и искусни играчи, а од клупата ќе го предводи Жикица Милосављевиќ.

Искусниот стратег на почетокот на својата играчка кариера настапуваше токму во Македонија, поточно во Куманово.

Со репрезентацијата на Југославија освои бронзи на Светските првенства во 1999 и 2001 година, како и на Европското првенство во 1996 година. На Светското првенство во Франција (2001) беше избран за најдобро десно крило, а со Целје ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2003/04.

Во 2000 година беше дел од олимпискиот состав во Сиднеј, каде Југославија заврши меѓу најдобрите четири селекции.

 

РАСПОРЕД:

21 АВГУСТ
15:30 – Положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 – Пролет- Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Бутел

22 АВГУСТ
18:00 – Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Тиквеш

23 АВГУСТ
18:00 – Црвена Звезда – Пролет
20:00 – Тиквеш – Бутел

24 АВГУСТ
15:00 – Меч за петто место
17:00 – Меч за трето место
19:00 – Финале
20:30 – Доделување награди и свечено затворање на турнирот

 

И најмладиот Петриќ ќе заигра пред македонската публика

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT