Алборг ја распродаде арената за пријателски меч

83

Данскиот Алборг полека ја темпира формата за новата сезона, а утре пред своите навивачи ќе одигра пријателски натпревар со бундеслигашот Фленсбург.

Од клубот соопштија дека билетите за дуелот со актуелниот освојувач на Лигата на Европа веќе се распродадени, што значи дека околу 5.000 навивачи ќе ја исполнат „Шпаркасен Арена“.

Следниот предизвик за Алборг доаѓа во недела, 24 август, кога го очекува Супер куп пресметката со Скјерн.

Алборг и оваа сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите и во групната фаза ќе игра против Веспрем, Фуксе Берлин, Колстад, Нант, Келце, Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT