Екипата на МЗТ Скопје го освои трофејот на првото издание на меморијалниот турнир Андреј Грковски – Тафта, откако во финалето славеше над организаторот, тимот на ТФТ, со 81:56 покажувајќи дека се наоѓа во одлична форма пред стартот на домашниот шампионат. Предводник во победничката екипа беше повратникот Андреј Магдевски со 15 поедни, додека во таборот на ТФТ најрасположен беше Георги Зафиров со 11 поени. Работнички го освои третото место со победата над Кожув од 89:80. Наградата за најкорисен играч на турнирот, односно МВП, замина во рацете на Мартин Петков од МЗТ Скопје.