Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ѓорѓиевски, во новата сезона ќе биде дел од прволигашот Мулти Есенс.
Младиот битолчанец, кој со Македонија настапи на ЕМОФ во Скопје, во Мулти Есенс доаѓа од младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, каде што беше меѓу најдобрите стрелци.
Средниот бек зад себе има искуство и од Лигата на шампионите, со битолскиот тим во минатата сезона играше на Ф4 турнирот во Келн.
Со Еурофарм Пелистер во минатата сезона го освои златото во пионерската лига, како и среброто во младинската конкуренција.

Иако има млад состав, Мулти Есенс повторно се очекува да биде еден од кандидатите за висок пласман во прволигашката конкуренција.
Минатата сезона избраниците на тренерот Бочкаровски играа суперлигашкиот бараж, но не успеаја да се вратат во елитата.