Прв сениорски предизвик за Темелковска и Терзијовска

127

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет пред стартот на новата сезона се засили со уште две ракометарки.

Станува збор за талентираните Тијара Темелковска и Мартина Терзијовска, кои во клубот од Свети Николе доаѓаат од Велес.

За двете ова ќе биде прв настап во сениорска конкуренција, со што тренерот Бетувски ќе добие поголема ротација во составот.

Овче Поле Славјански Универзитет претходно се засили и со голманката Дона Маркоска од Пелистер, како и со Елена Вучевска и Наталија Манева, кои се вратија од Астибо.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT