Уште двајца млади и талентирани ракометари од Струга кариерата ќе ја продолжат во таборот на Мулти Есенс. Станува збор за Стефан Матески, кој на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција минатата сезона беше прогласен за најдобар пикер, и за Филип Симоноски, кој исто така настапува на истата позиција.
Стефан Матески, помалиот брат на талентот Јулијан Матески, ќе биде дел од младинските категории на Мулти Есенс, а веќе на дуелот од првото коло во кадетската лига против Илинден Вардар се претстави во одлично светло со пет постигнати погодоци.
Филип Симоноски, пак, брат на Кристијан Симоноски кој игра за Алкалоид, беше дел од составот на тимот во премиерното прволигашко коло против Македонија Ѓорче Петров.
И двајцата млади играчи претходно добиваа шанса и во сениорскиот тим на Струга, имаа одлични резултати во младонските категории, а сега ќе имаат можност својата кариера да ја надградат и да се развиваат во системот на Мулти Есенс, клуб познат по работа со млади таленти.
Најдобриот стрелец и МВП од кадетскиот Ф4 потпиша за Мулти Есенс