Младен Крсманчиќ пред потпис со Охрид

440

Екипата на Охрид, за продолжението од сезоната, поради отсуството на Ловро Јотиќ поради повреда, активно работи на пронаоѓање соодветна замена.

Според шпекулациите, екс ракометарот на Вардар, Младен Крсманчиќ, се наоѓа пред потпис со амбициозниот проект. Искусниот среден бек минатата сезона играше во нашата Супер лига, односно беше дел од Вардар, клуб со кој настапуваше и во Лигата на Европа.

Доколку трансферот се реализира, ќе се зголеми српската колонија покрај езерото. 33-годишниот ракометар на интернационално ниво има настапувано и во Унгарија и Шпанија, а во својата татковина беше дел од екипите на Југовиќ, Слога и Железничар.

Тимот предводен од Борис Ројевиќ овој викенд на својот терен ќе го одигра првиот натпревар против Баку во рамките на 2. коло од Европскиот Куп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT