Познат списокот на кадетите за турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија

175

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави списокот на играчи за настап на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија.

На списокот кај Кузманоски партиципираат 17 ракометари, а поголемиот дел од нив играа на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје (ЕМОФ).

Освен домаќинот Романија и Македонија, на турнирот ќе учествуваат и репрезентациите на Полска и Србија. Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за квалификацискиот циклус за Европското кадетско првенство 2026.

Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:
17/10, 16:00, Македонија – Полска
18/10, 16:00, Македонија – Романија
19/10, 10:00, Македонија – Србија  
Собирот ќе се одржи на ден 14.10.2025 година (Вторник) во 19:00 часот во спортската сала Антон Димитров –  Бутел.

Нашите кадети ќе бидат дел од квалификацискиот турнир што ќе се игра во Луксембург од 31 октомври до 2 ноември. Македонија за ривали, освен домаќинот, ги има уште Грција и Финска. Најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман на Европското кадетско првенство.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT