По седум порази, Црвена Ѕвезда се раздели со легедарниот Милосављевиќ

87

Екипата на Црвена Ѕвезда од почетокот на сезоната има освоено само два бода во најквалитетното натпреварување во Србија. Тимот загуби на седум натпревари и за првпат во историјата би можел да го изгуби статусот на суперлигаш, односно да се пресели во понизок ранг на натпреварување.

Поради лошите резултати, раководството на клубот ја прекина соработката со легендарниот Жикица Милосављевиќ. По поразот од Пролетер (28:27), на тамошните ракометни љубители им стана јасно дека Црвена Ѕвезда ќе мора да бара нов тренер.

Милосављевиќ, кој на почетокот на својата кариера настапуваше во Македонија, поточно во Куманово, таму го имаше својот прв интернационален предизвик, заедно со Црвена Ѕвезда ова лето беа учесници на десеттото, јубилејно издание на меѓународниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а уште тогаш се забележа дека нешто не „штима“ во тимот.

За Милосављевиќ ова беше втор мандат на клупата на Црвена ѕвезда. Се врати на почетокот на сезоната од Кувајт и го наследи Владица Стојановиќ, со цел да ја стабилизира екипата.

Во понтанамошниот дел од сезоната, дури не се најде сооветен тренер, екипата ќе ја води довчерашниот помошник Драган Радисављевиќ. Вечерва Црвена Ѕвезда на свој терен ќе го пречека Југовиќ и ќе се обиде да ја прекине серијата порази.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT