Кавадарчани домаќини на Бутел – може ли Тиквеш до четврта победа по ред?

203

Денеска и утре на програмата се натпреварите од 11. коло во Супер лигата, а интересно се очекува да биде и во Кавадарци.

Тиквеш пред својата публика ќе го пречека Бутел и ќе се обиде да стигне до шеста сезонска победа. Кавадарчани во досегашниот тек од сезоната имаат биланс од пет победи и пет порази, додека Бутел Скопје има пет победи, едно реми и четири порази.

Избраниците на Кристијан Грчевски се наоѓаат во победнички ритам, славеа на претходните три натпревари и против скопскиот тим ќе атакуваат на четврти последователен триумф.

Бутел моментално е на петтата позиција со 11, а Тиквеш едно место подолу со бод помалку – 10. Најдобрите шест обезбедуваат пласман во плеј-оф фазата, па така утрешниот натпревар во спортската сала „Јасмин“ ќе биде од големо значење за двете екипи кои многу добро се познаваат.

Тимот на Горан Кузманоски со евентуален триумф ќе направи голем исчекор, односно ќе се зацврсти на петтото место на табелата.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел е закажан за утре (9 ноември) со почеток од 20:00 часот.

Супер машка лига, 11. коло, распоред:
08/11, 17:00, Еурофарм Пелистер – Куманово
08/11, 17:30, Струга – Еурофарм Пелистер 2
08/11, 17:30, Радовиш – Прилеп
08/11, 19:00, Охрид – Пролет
09/11, 18:30, Вардар – Алкалоид
09/11, 20:00, Тиквеш – Бутел

ТАБЕЛА

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT