Прилепчаните во главна улога, Аминтас со втора победа по ред

581

Грчкиот второлигаш Аминтас, кој го предводи прилепчанецот Адријано Котевски, а за кој настапуваат неговите сограѓани Синиша Павлов, Стефан Лозаноски и Владимир Трајкоски, врза две победи по ред, откако беше подобар и од Пилаис со пет гола разлика, 36:31.

Најголема заслуга за победата оди токму на сметката на прилепчаните – Лозаноски постигна осум погодоци, Павлов додаде седум, а Трајкоски погоди четири пати.

Аминтас по пет одиграни кола се наоѓа на 6. позиција со четири бода, а во следното коло избраниците на Котевски ќе ги одмерат силите со Волос, кој во досегашниот тек од сезоната има три победи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT