МЗТ Скопје победнички стартуваше во АБА 2 лигата

134

Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Теодо Тиват започна новата натпреварувачка сезона во АБА 2 лигата. Македонскиот шампион го доби убедливо дуелот против црногорскиот тим триумфирајќи со 68:50. Аеродромци во сите сегменти од играта беа подобри од гостинскиот состав, кој одигра бледо. Војдан Стојановски беше прво име во таборот на „штрковите“ со 13 поени, еден помалку имаше Баковиќ. Кај гостите најрасположен беше Кусовац со девет поени.

МЗТ Скопје во 2. коло од второлигашката јадранската конкуренција за ривал ја има Цедевита Јуниор, екипа која во првото коло е домаќин на Хелиос.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе