Георгиев со „12-ка“, младите пелистерци славеа кај Вардар

203

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, предводен од Андреј Георгиев, славеше на гостувањето кај Вардар со 30:25 во натпревар од 14. коло од младинската лига. Првата меѓусебна пресметка меѓу овие две екипи заврши со резултат 35:32 во корист на битолчани.

За помладокот на актуелниот сениорски шампион ова беше шеста сезонска победа и со освоените бодови значително си ги зголеми шансите за пласман во ТОП 6, односно во плеј-офот.

Вардар парираше, но немаше доволно сила да издржи цел натпревар. Петнаесетина минути се играше егал, по што избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ја презедоа контролата и постојано беа во предност.

„Црвено-црните“ имаа свои моменти, а во вториот дел и неколку шанси да се доближат на минус еден, но не успеваа да дојдат до посакуваната цел.

Одлична партија во дресот на победничката екипа имаше Андреј Георгиев, кој натпреварот го заврши со 12 погодоци, сите од игра, додека втор стрелец беше Јован Симоновски со шест реализации.

Кај Вардар, Иван Костовски беше најефикасен со шест постигнати погодоци.

Машка младинска лига, 14. коло, резултати:
Тиквеш – Алкалоид 40:43 (19:22)
Вардар – Еурофарм Пелистер 25:30 (8:14)
Вардар Неготино – Бутел 29:43 (13:20)
Пролет – Мулти Есенс 31:33 (12:15)
22/12, 15:30, Куманово – Еурофарм Пелистер 2

14. коло, кое е последно за 2025, ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Куманово и Еурофарм Пелистер 2.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT