Поранешен селектор на Србија и БиХ презема македонски суперлигаш

167

Првиот македонски клуб кој се активираше на трансфер пазарот е тимот на Куманово, кој напролет ќе се бори за опстанок во суперлигашкото друштво.

Куманово реши вториот дел од натпреварувачката сезона да го продолжи со нов тренер, овојпат странец. Станува збор за искусниот стратег од Србија, Александар Радосављевиќ, кој во својата тренерска кариера има и репрезентативно искуство.

Радосављевиќ е поранешен селектор на машката кадетска репрезентација на Србија, како и на женската младинска репрезентација на тогашната Србија и Црна Гора, а работел во повеќе клубови. Последниот клупски ангажман го имаше во босанскиот суперлигаш Леотар од Требиње.

На репрезентативно ниво привремено ја има предводено машката сениорска репрезентација на БиХ во неколку квалификациски натпревари за ЕП 2022, бидејќи тогашниот селектор Билал Шуман во тој момент не поседуваше Мастер коуч лиценца.

Од месец октомври, тимот на Куманово беше предводен од Љубиша Димковски, кој беше замена за Аце Станковски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT