Овој викенд стартуваше новата сезона во Првата кошаркарска лига, а во првото коло немаше ниту едно изненадување, бидејќи фаворитите одиграа според планот и дојдоа до посакуваната цел. Најинтересно беше на натпреварите меѓу Работнички и Феникс, односно Вардар и Гостивар. Актуелниот бранител на титулата, тимот на МЗТ Скопје, немаше проблеми против повратникот во елитата – Шкупи, додека вицешампионот Пелистер победнички си замина од Кавадарци.
Прва лига, 1. коло, резултати:
ШКУПИ – МЗТ СКОПЈЕ 59:95
ТИКЕШ – ПЕЛИСТЕР 84:96
ВАРДАР – ГОСТИВАР 70:76
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 90:85
ТФТ – КУМАНОВО 81:70
ЧАИР – КОЖУФ 99:79