Ѓорчепетровци посилни со талентираниот голман Димитар Гиевски

257

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров, кој првиот дел од тековната сезона го заврши на 6. позиција со 14 освоени бода, ќе биде посилен со Димитар Гиевски.

Станува збор за голман кој би требало да донесе дополнителна сигурност меѓу стативите и поголема конкуренција на голманската позиција во тимот предводен од Оливер Димитриоски, во борбата за подобар пласман на табелата.

Гиевски во таборот на „лавовите“ пристигнува од Алкалоид, каде што настапуваше за младинските категории на овој клуб, а во својата кариера го има носено дресот и на некогашниот суперлигаш Скопје.

Македонија Ѓорче Петров веќе ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која имаше и солидни резултати во младинските категории. Кадетите есенскиот дел го завршија на 4. позиција во својата група, додека пионерите беа петтопласирани.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT