Пет ракометарки со МВП признанија на турнирот „Атлетик и пријателите“

124

Женскиот тим на Вардар е првиот освојувач на трофејот на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“, кој за првпат беше организиран од прволигашот Атлетик, кој најверојатно следната сезона ќе настапува во најквалитетното женско сениорско натпреварување.

На сите шест одиграни натпревари, пет ракометарки беа прогласени за МВП (најкорисен играч на мечот), а една од нив доби дури две МВП признанија, голманката Матеа Чурлиновска од второпласираниот Атлетик.

Прилепчанката беше МВП на натпреварите со Вардар и Будуќност 2, нејзината соиграчка Дафина Соколовска беше прогласена за најкорисна на натпреварот со Куманово, додека вардарката Елена Балоска во одлучувачкиот меч против Куманово се закити со МВП признанието.

Соиграчката на Елена од Вардар, Леона Миленоска беше избрана за МВП на дуелот со Будуќност 2, а Ивона Бојановиќ од црногорскиот тим ја освои титулата МВП на мечот со Куманово.

МВП признанијата ги доделуваа двајцата поранешни репрезентативци на Македонија, Мирјета Бајрамовска и Аце Станковски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT