Балканската ѕвезда во подем откри: Ракометот ми одеше одлично, но се откажав

144

Познатиот актер, Босанецот Дино Бајровиќ, иако има само 30 години, зад себе веќе има големи успеси во светот на актерството.

Љубителите на балканската кинематографија го запознаа преку улогата во филмот „Quo Vadis, Aida?“, кој беше номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата „Најдобар странски филм“ на 93-тите Академиски награди (2021), а ја доби наградата и за најдобар европски филм истата година.

Бајровиќ беше гостин во подкастот „Šta je reč“, каде што зборуваше на повеќе теми од својот приватен и професионален живот, а една од нив беше и детството.

Тој откри дека како дете тренирал повеќе спортови, а еден од нив бил и ракометот – спорт кој особено го засакал, но бргу се откажал од активното тренирање.

„Во средно училиште не бев некоја перспектива, тренирав фудбал и ракомет – спорт кој ми одеше многу добро. Во еден период ми здосади, па потоа го повредив коленото. По повредата се вратив на терените, но не ми беше повеќе интересно и сфатив дека тоа не е за мене.“

Бајровиќ се појави и во српската серија „Сабља“, а имаше главни улоги и во повеќе филмови. Дино е син на познатиот актер Изудин Бајровиќ.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT