Работнички убедливо поразен во Нови Сад

191

Работнички го доживеа вториот пораз во АБА 2 лигата, откако на гостувањето во Нови Сад кај Војводина беше поразен со 93:62 во рамките од 2. коло. Војводина, која е главен фаворит за освојување на титулата со денешната победа дојде до „два од два“. Тимот на Работнички во текот на целиот натпревар беше во негатива, но во првото полувреме успеваше да парира, на пауза замина со негатива од 47:38, а  во вториот дел целосно се распадна играта на „центарци“, па така домаќините без проблеми дојдоа до убедлив триумф. Во таборот на Работнички се истакнаа Виктор Ефремовски со 17 и Стојан Ѓуроски со 15 поени. Следен предизвик за Работнички во АБА 2 лигата ќе биде натпреварот со Босна.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе