„Лозари“ повикуваат на масовна поддршка за еден од најважните дуели на Тиквеш

395

Продолжението од сезоната во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија започна пред неколку дена, а во сабота ракометарите на Тиквеш ги очекува еден од најважните дуели оваа сезона.

Кавадарчани, кои се на чекор до нов пласман во плеј-офот и повторна борба за место во Европа, на свој терен ќе го пречекаат „фенерџијата“ Радовиш. Иако тимот од Радовиш знаел во минатото да биде незгоден ривал, навивачката група „Лозари“ повика на масовност и силна поддршка во спортската сала „Јасмин“.

За разлика од Радовиш, кавадаречкиот состав претрпе големи промени во зимската пауза, при што клубот го напуштија неколку важни играчи.

Сепак, Тиквеш важи за голем фаворит во утрешниот натпревар, во кој со евентуални нови два бода ќе биде чекор поблиску до зацртаната цел.

Тиквеш во последните три кола ќе игра со два ривали кои му се конкуренти а плеј-офот – Прилеп (20. коло) и Бутел (22. коло), додека во 21. коло, избраниците на Грчевски ќе играат против Куманово.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Радовиш се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.

ТАБЕЛА

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT