Во периодот од 9 до 14 февруари, Косово, односно Приштина, ќе биде домаќин на Медитеранското ракометно првенство за ракометарки родени 2010 година и помлади.
Вкупно ќе настапат 12 селекции, кои ќе бидат поделени во две групи, а Македонија ќе се натпреварува во групата Б. Ривали на избраничките на Славиша Димитријески ќе бидат репрезентациите на Италија, Словачка, Словенија, Грција и Хрватска.
За разлика од Светските и Европските првенства, на Медитеранското првенство натпреварите се играат во три третини од по 15 минути.
Во секоја третина, репрезентацијата што ќе постигне повеќе голови освојува еден поен, додека при нерешен резултат двете селекции добиваат по 0,5 поени.
Победникот на крајот од натпреварот освојува два бода.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
09/02, 15:00, Македонија – Италија
10/02, 16:30, Македонија – Словачка
11/02, 12:00, Словенија – Македонија
12/02, 10:30, Грција – Македонија
13/02, 13:30, Хрватска – Македонија
14/02, натпревар за пласман
ЛИНКОВИ
МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА
МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА
ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА
ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА