Екипата која во ланската сезона не успеа за влакно да се пласира во суперлигашкиот бараж, Македонија Ѓорче Петров, со победа го стартуваше вториот дел од прволигашката конкуренција.
Избраниците на Оливер Димитриоски славеа на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле со 29:23 (11:10) во натпревар од 15. коло.
Домаќинот пружи силен отпор во првиот дел, но клучниот момент за победа гостите го направија во периодот од 35-та до 40-та минута.
При водство на домашниот тим од 15:14, тимот на Димитриоски направи серија од 4:0, поведе со 18:15 и ја одржуваше резултатската предност до крајот на натпреварот.
Победничката екипа беше предводена од Михаел Тотиќ, кој натпреварот го заврши со 13 погодоци, а во редовите на Овче Поле со девет погодоци најефикасен беше Александар Димитров.