Прилепчани убедливо против Академија ФМП, Маџари ги однесе бодовите од Охрид

310

Овој викенд стартуваше новата сезона во Втората кошаркарска лига, а првото коло ќе биде комплетирано денес со натпреварот меѓу вторите тимови на вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје.

Прилепскиот Мега баскет предводен од Стефан Стевананџија (20 поени), Андреј Стојановски (20 поени) и Давид Нешиќ (17 поени) успеа со подобрата игра во вториот дел да оствари убедлива победа над Академија ФМП, триумфираше со 86:63.

Кај Академија ФМП најрасположени беа Борјан Панов (13 поени) и Лука Серафимоски (12 поени), додека останатите кошаркари не беа на своето ниво.

Соколи успеа да го совлада довчерашниот третолигаш Бутел, Водно Санс даде силен отпор во Струга, додека двата најголеми фаворити за влез во елитата – Охрид и Маџари одиграа квалитетен натпревар, на кој бодовите ги однесе скопскиот тим.

ВТОРА ЛИГА, 1. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
Бутел – Соколи 72:80
Црн Дрим – Водно Санс 107:99
Охрид – Маџари 74:81
Мега баскет – Академија ФМП 86:63
Борец баскет – Ангели 86:90
Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни банка (14 октомври)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе