Деспина прими само седум гола во Скопје

105

Прилепчанки на кратката прошетка во Скопје не се ни изнаиграа, а сепак убедливо победија против Шампион со 33:7 во натпревар од 15. коло од Првата лига во женска конкуренција.

За оние што го следат женскиот клупски ракомет во Македонија, овој резултат не е никакво изненадување, со оглед на тоа што Шампион оваа сезона игра со многу млади играчи кои стекнуваат драгоцено искуство со далеку постари противници.

На денешниот дуел во Скопје, Маја Ристеска постигна девет гола за победничката екипа, додека кај домашниот табор само четири ракометарки се запишаа во листата на стрелците, при што Јована Васовска беше најефикасна со три гола.

Во следното, 16. коло, Деспина пред својата публика ќе го пречека лидерот Атлетик, кој досега нема загубено бод во дебитанската сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT