Вардар далеку од европскиот крем – убедливо загуби од Мелсунген

245

Екипата на Вардар на гостувањето во Германија кај Мелсунген доживеа убедлив пораз од 34:18 во рамки од 2. коло од групната фаза во Лигата на Европа. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо победата ја најавија уште во првиот дел, кој го добија со 17:10, а во вториот дел постепено ја зголемуваа предноста за конечни плус 16. Најефикасен кај Вардар беше Младен Крсманиќ со четири погодоци, по три постигнаа Милан Лазаревски и Ашреф Маргели, додека Мигел Еспиња имаше пет интервенции, една помалку Васил Гогов. Еден од најдобрите поединци во победничката екипа беше Адам Моравски со 17 интервенции.

Вардар во 3. коло од Лигата на Европа пред својата публика ќе го угости Порто од Португалија, додека Мелсунген за следен ривал во второто по ранг европско клупско натпреварување го има Валур од Исланд.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе