Битолчани поразени на гостувањето во Плоцк

107

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го доживеа четвртиот пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Полска кај Висла Плоцк беше поразен со 26:18 во натпревар од 5. коло од групата А. За Висла Плоцк ова беа првите сезонски бодови во елитата, а битолскиот тим останува на само еден бод, оној кој што беше освоен во дуелот со Спортинг Лисабон. Полскиот шампион од стартот, па до крајот имаше контрола на резултатот, на моменти во првиот дел пелистерци се закануваа намалувајќи на минус два, но немаа доволни сили за нешто повеќе. Најефикасни во таборот на Еурофарм Пелистер беа Филип Кузмановски пет и Урош Борзаш со четири погодоци. Кај Висла Плоцк расположен за игра беше Ловро Михиќ, кој зад своето име имаше осум успешни реализации. Еурофарм Пелистер во следното коло на свој терен ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе