Надежите на Младост со петти сезонски триумф

206

Со денешниот натпревар меѓу Младост и Радовиш започна новото, 11. коло во кадетската ракометна лига во машка конкуренција. До крајот на групната фаза ќе треба да се одиграат уште три кола, по што ќе биде познато кои четири екипи од двете групи ќе продолжат понатаму, односно ќе се борат за пласман на Ф4 турнирот.

Домаќините, предводени од Стојанче Иванџиков, кој постигна 11 погодоци, дојдоа до петтата сезонска победа откако беа подобри од гостите од Радовиш со 33:28, со што ги задржаа шансите за пласман во ТОП 8. Кај Радовиш, Александар Ѓорѓиев беше најефикасен со седум погодоци, а по шест постигнаа Јован Митев и Стефан Трајанов.

Кадетска машка лига, 11. коло, распоред:
Група А
Младост – Радовиш 33:28
07.03, 12:00, Текстилец – Овче Поле
08.03, 12:30, Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс
08.03, 14:00, Вардар – Илинден Вардар

Група Б
08.03, 12:00, Струга – Пролет
08.03, 12:30, Македонија ЃП – Алкалоид
08.03, 15:30, Охрид – Еурофарм Пелистер
08.03, 19:00, Прилеп – Преспа

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT